Потпишување меморандум за унапредување на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот

Од:

Меморандум за соработка ќе биде потпишан денеска во Владата, за унапредување на знаењето на адвокатите и подобрување на заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца кои извршиле или се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви.

Меморандумот ќе го потпишат министерката за правда Рената Десковска, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, претседателот на Адвокатска комора Љубомир Михајловски и Лазар Нанев, претседател на невладината организација Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

Главната цел на оваа соработка е да се унапреди знаењето на адвокатите и да се подобри заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца кои извршиле или се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви. Соработката ќе придонесе да се зајакне поврзувањето помеѓу сите институции, прибирањето и користењето податоци за деца во контакт со законот.

Според Законот за правда на децата секој адвокат треба најмалку пет дена во текот на годината да следи специјализирана обука за правда за деца. Меморандумот за соработка предвидува специјализирани обуки за адвокатите што работат со деца во контакт со законот според претходно подготвена програма за теоретска и практична настава.

Би можело да ве интересира

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски