Потпишана Иницијативата за формирање на Клуб на млади на Движењето ЗНАМ за наша Македонија

Од:

На последниот ден од Летниот камп во Струга, петнаесет млади луѓе, претставници на општинските организации на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија од целата држава, ја потпишаа Иницијативата за формирање на Клуб на млади.

Ова не е само нова организациска форма, туку почеток на една нова младинска политичка енергија што ќе ја движи Македонија напред. Клубот ќе биде отворена платформа за секој млад човек, простор каде ќе може да предложи своја идеја, визија и решение, а од тие идеи ќе произлезат политики што ќе ја градат иднината на нашата држава.

„Ние сме генерацијата што нема да ја напушти Македонија. Ние сме оние што ја сакаат, ја негуваат и ќе ја градат со срце и визија. Денес во Струга го поставивме темелот на младинската сила што ќе ја носи Македонија таму каде што заслужува – во кругот на модерните, праведни и европски држави.“ – истакнаа младите потписници на иницијативата.

Како дел од оваа иницијатива, младите на ЗНАМ ја најавија подготовката на Декларација на младите, документ што ќе ја претставува нивната
визија, вредности и цели за Македонија и ќе биде патоказ за генерациите што доаѓаат.

Клубот на млади на Движење ЗНАМ ќе биде училиште за идеи и лидерство, глас на младината и двигател на промените. Оваа иницијатива е доказ дека љубовта кон татковината не е само збор, туку конкретно дело, заеднички пламен што ќе го осветли патот на Македонија кон иднината.

Со оваа одлука, младите покажаа дека Македонија има иднина – силна, обединета и исполнета со надеж, посочуваат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“