Потпишан меморандум за соработка на ПОЦ и „Паркиралишта Струмица“

Од:

Минатата недела делегацијата на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје беше во посета на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори „Паркиралишта Струмица“-Струмица. На состанокот со директорката Верица Узунова, двете претпријатија разменија искуства и потпишаа меморандум за понатамошна соработка.

„Ми претставува особено задоволство и чест што остваривме средба со ЈП Паркиралишта Струмица, каде разменивме искуства околу начинот на функционирањето и работењето на двете претпријатија. Ги запознавме колегите од Струмица со нашиот начин на функционирање, посебно со следењето на наплата и функционирањето на резидентните паркинзи. Ги запознавме и со системите за следење на наплата, функционирањето на повалстените паркинг карти, со кои ЈП ПОЦ се разликува од останатите. Од страна на колешката Верица Узунова ни беа презентирани нивниот начин на работа и организирање на зонското паркирање. На состанокот се разгледаа повеќе идеи предложени од двете страни, меѓу кои и формирање на асоцијација од јавни претпријатија организитори на паркирање“.- изјави директорот Богдановиќ.

 Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори  „Паркиралишта Струмица“ – Струмица е основано од Советот на општина Струмица во 2008 година, со цел на систематски начин да го реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица, со што би се овозможило слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците во градот Струмица. 

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје е претпријатие формирано од Општина Центар, со Одлука на Совет на Општина Центар и е основано со цел организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територија на Општина Центар, пред се’ во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на граѓаните на Општина Центар и секако решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање во централното градско подрачје.

„Со овој меморандум се надеваме на успешна соработка, размена на искуства и напредок во работата на двете претпријатија. И покрај тоа што не’ поврзува професијата, искуствата не секогаш се исти. Затоа, можеме со заеднички сили да постигнеме многу повеќе, да имаме функционални паркиралишта, задоволни граѓани како во центарот на Скопје, така и низ стумичките улици.“ – додаде директорот Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Ана Ололовска

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ

Ана Ололовска

Се формира ново општинско комунално претпријатие во рамки на ПОЦ

Ана Ололовска

Изминатата недела во Центар санкционирани 159 непрописно паркирани возила

Ана Ололовска