Потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонија и Словенија

Од:

Словенија активно и силно ја поддржува европската иднина на Македонија, пристапниот процес, како и усвојувањето на стандардите на Европската унија, истакна словенечкиот амбасадор Алан Брајан Бергант при денешното потпишување на Меморандумот за меѓународна развојна соработка меѓу владите на двете земји за 2012 година.

„Двете држави и институциите соработуваат одблиску за брзо и поефикасно приближување на Македонија кон ЕУ, подвлече Бергант. Со Меморандумот се обезбедуваат средства во износ од 552.000 евра и тоа за конкретни проекти, односно 354.000 евра за изградба на пречистителна станица за вода за пиење во општина Пробиштип, за експертска помош 123.000 евра, 35.000 евра за одржлив развој на општините од Источниот плански регион, како и 40.000 евра за поддршка за невладиниот сектор.

Државниот секретар при Секретаријатот за европски прашања Јован Андоновски истакна дека со денешниот чин се потврдува партнерството и одличната билатерална соработка, како и посветеноста на владите на двете земји за унапредување на тој процес.

Андоновски се заблагодари за досегашниот личен ангажман на амбасадорот Бергант, кој е во заминување, за придонесот кон јакнењето на словенечко-македонските односи.

Минатата година како најуспешни проекти реализирани со словенечка поддршка, Бергант ги издвои изградбата на модуларно основно и средно училиште во општина Илинден и пречистителната станица за комунални води во општина Ѓорче Петров која треба да се финализира.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески