Потпишан Меморандум за соработка меѓу Куманово и Бања Лука

Од:

Градоначалниците на Куманово и на Бања Лука, Зоран Дамјановски и Слободан Гаврановиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Двата града ќе се обидат да ја интензивираат соработката на културно, спортско и економско поле.

– Нашето пријателство започна пред пет години, како членки на Балканската мрежа на градови „Балсинет“. Воспоставивме добра комуникација во повеќе културни збиднувања помеѓу двата града. Денеска, отпочнуваме една нова ера во однос на соработка со овој значаен центар од Југоисточна Европа. Бања Лука е центар на едно ново време, мултиетнички град, кој дава пример за функционирање на граѓанско општество, изјави Дамјановски по потпишувањето на Меморандумот.

Градоначалникот на Бања Лука, Гаврановиќ потенцираше дека е можна соработка и на полето на економијата.

– Локалните заедници може да преземат активности, да разменат искуства и да презентираме информации и можности за вложување во одредени региони, изјави Граврановиќ.

Во општина Куманово денеска пристигнаа повеќе делегации од збратимените градови кои ќе присуствуваат на манифестациите кои ги спроведува општината во чест на Денот на ослободувањето.

 

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски