Потпишан Договор за прекугранична соработка со кој Росоман ќе добие Центар за туризам

Од:

Фондацијата „Тиквешки вински пат” од Кавадарци, општина Росоман и Министерството за локална самоуправа потпишаа Договор за кофинансирање на проектот за прекугранична соработка со Грција, вреден над 500 илјади евра, со кој росоманската општина добива Центар за туризам.

Извршната директорка на Фондацијата, Виолета Јанкова денеска потсети дека станува збор за проектот „Тера вино”, или „Земја на виното”. Македонската страна добива 268.105 евра, од кои 40.215 евра кофинансирани од Министерството за локална самоуправа, а 227.889 евра од Европската унија.

Од грчка страна, во проектот се вклучени Министерството за внатрешни работи, Италијанско-грчката комора и Универзитетот Аристотел со отсекот за туризам.

Освен реконструкција на старата училишна зграда во Росоман, која ќе биде Центар за туризам и изложба на храна и вино, ќе се формира и македонско – грчки кластер и ќе се врши едукација за претставници на членките во него. Ќе се изработат и промотивни материјали. Во рамките на активностите, планирана е и промотивна туристичка тура низ Македонија и Грција насловена „Земја на виното”, за новинари и тур оператори.

– Сево ова е во функција на промоција на регионот и развој на туризмот, затоа што овој крај има потенцијал да им понуди многу нешта на домашните и странските туристи, нагласи Јанкова.

Таа се осврна и на природните богатства со кои располага Тиквешијата, историјата, културата и традицијата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

A1on

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата

А1он

Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп

Ана Ололовска

Полицаец и полицајка повредени во сообраќајка во Росоман

А1он

Педофил во повеќе наврати напаѓал две деца во Росоман, злоставувањето го снимал со телефон

Жарко Настоски

Советниците од Росоман не сакаат регионална депонија во нивната општина

Жарко Настоски