Постои можност Куманово да добие локален весник

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Центарот за меѓукултурен дијалог и Комисијата за односи меѓу заедниците, при Советот на општината Куманово, сакаат да почнат да издаваат локален весник на повеќе јазици.

Според нив треба да се издава весник во печатено издание, со тексови на македонски, албански, српски, ромски, турски и влашки јазик.

Електронските информации со кратка содржина, не стигаат секогаш до публиката, се губат. Весникот може да понуди сторија, приказна. Ќе има работа за новинари што секако е добро – изјави Стефан Маневски од ЦИД.

Според актерката Кети Дончевска – Илиќ, Куманово заслужува да има печатен медиум, бидејќи има многу настани од културата, активности во невладиниот сектор и слично, кои треба медиумски да бидат покриени.

Пензионираниот новинар Столе Божиновски пак рече дека идејата се пласира во погрешно време, кога независното новинарство е изгубено.

Локалните медиуми се уништени, се уништува професијата новинар. Во минатото „Наш весник“ беше бренд, се делеше по фабрики. Меѓународната заедница им помагаше на медиумите, но кога виде колку сме способни да го злоупотребиме тоа, се откажаа. Политичарите немаат разбирање за медиум – истакна Божиновски.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски