Поставувањето на мерни уреди за парно е само за нови градби, за постојаните не е задолжително

Од:

Во однос на дилемите кои се појавија во јавноста во врска со предлог Законот за енергетика, објавен на Единствениот регистер на прописи (ЕНЕР), а кои се однесуваат на мерните уреди (калориметри), Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања сака да ја информира јавноста за следното:

„Во новиот предлог Закон за енергетика, се предвидува задолжително инсталирање на мерни уреди (калориметри) за секој нов објект за кој е започната постапка за одобрение за градење по влегувањето во сила на овој закон, кој што ќе се приклучи на системот за дистрибуција на топлиниска енергија. За објектите кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, поставувањето на мерни уреди не е задолжително, односно е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници.

Во продолжение, за детални информации, Ви ги посочуваме член 155 став 5 и став 6 како и член 239 од предлог Законот за енергетика.

Мерни уреди
Член 155
(5) Секој објект што се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија, а кај кој што се врши испорака на топлинска енергија преку еден мерен уред на повеќе потрошувачи, мора да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинската енергија.
(6) Постапката за вградување на уредите врз основа на кои се врши локално распределување на топлинската енергија кај новите и постоечките објекти се уредува со правилата за снабдување со топлинска енергија, додека начинот за распределба и пресметка на потрошената топлинска енергија се уредува со Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.

Пазар на топлинска енергија
Член 239
Обврската од Член 1 став (5) се применува за изградба на нови објекти за кои е започната постапка за одобрение за градење по влегувањето во сила на овој закон.

Со цел вистинито информирање на граѓаните и спречување на ширење на дезинформации во јавноста би сакале да им посочиме на експертите од оваа област да даваат прецизни, точни и вистинити информации за деловите од предлог законот“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов