Поставени прочистувачи на воздух во гимназијата „Никола Карев“

Од:

Акцијата за поставување прочистувачи на воздухот во сите 23 средни училишта на Град Скопје, што ја најавивме пред неколку дена, денеска продолжува во СУГС „Никола Карев“.

– Во училиштето се поставени 34 прочистувачи, односно во сите училници, со што за 1.107 средношколци обезбедуваме почист воздух за време на наставата, што е особено важно во деновите на зголемено загадување на воздухот во градот. Тргнувајќи од фактот дека нашите ученици се движечка сила и иднината на општеството и сознанието дека околу една третина од денот го поминуваат во училишните простории, Градот со поставувањето на прочистувачите, сака на вкупно 21.783 средношколци да им овозможи почист воздух и поздрава животна средина – кажа рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште.

– Наша должност е да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, а квалитетот на здравјето на децата е наш приоритет – нагласи Салиху.

Градот Скопје континуирано работи на создавање услови за поздрава животна средина поставувајќи си цели и задачи со кои ќе се намалат ризиците по здравјето на нашите сограѓани.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот