Поставени 70 нови контејнери во Куманово

Од:

Општина Куманово набави нови контејнери, а екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ и сообраќајните инженери ги поставуваат во првата зона од градот, информираше на денешната прес конференција, директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски.

Контејнерите се поставуваат на места каде што претходните садови за смет се уништени, дотраени, но и на локации каде што има нови згради.

– Очекуваме нови садови за смет и ќе ги поставиме согласно потребите и според тоа како ќе ни пристигаат контејнерите, изјави Петрушевски.

Новите садови се поставуваат согласно одлука на Совет и инструкциите на секторот за урбанизам каде што сообраќајните инжинери ги дваат насоките, а јавното претпријатие единствено е извршител и ги заменува старите со новите контејнери. На некои локации каде што има поголема флуктација на граѓани ќе има повеќе контејнери. Новите садови за смет ќе се поставуваат во втората зона, во првата веќе се поставени.

– Мислам дека целосно ќе одговориме на потребите на градот, вели Петрушевски.

На градскиот плоштад и на одредени клучни улици во стргото централно градско подрачје поставени се и нови клупи и нови корпи за смет. Веќе се намесетни шест нови клупи на двата плоштади и дваесет корпи.

– Како ќе ни пристигаат така и ќе бидат поставени. На одредени локации ќе бидат поставени и 80-тина информативни табли со цел подигање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина, изјави Петрушевски.

Во наредниот период ќе се набават приближно 100 клупи и 70 корпи за смет. За вкупната набавка на клупи, контејнери, корпи и табли општината одвои милион четиристотини и шеснаесет илјади денари.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он