Поставена спомен плоча на тетовското Кале посветена на бранителот Блашко Толев

Од:

Со поставување спомен плоча на тетовското Кале посветена на бранителот Блашко Толев од Неготино, Одборот на бранители денеска ја одбележа 14 годишнината од неговото загинување.

Толев како војник на АРМ загина на денешен ден за време на конфликтот во 2001-та година на месноста Сидол над Калето. Со минута молчење и полагање свежо цвеќе на спомен плочата почит на загинатиот бранител му оддадоа делегациите на Одборот на бранители, Армијата на република Македонија, општинсакта организација на СДСМ Тетово и Народното движење на Македонија.

– Со само 20 години Блашко како пример на неговата генерација и ја одреди цената на љубовта кон татковината. Тој иако веќе беше го отслужил воениот рок доброволно за одбрана на таковината остана на висина на задачата положувајќи го животот за наше подобро денес, рече претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов.

Најдов посочи дека како Одбор на бранители ќе продолжат со своите активности за редовно чествување на загинатите бранители на местата каде се случиле самите настани, искрена и сесрдна помош за семејствата на загинатите и ранетите бранители и градење на патриотизмот кај помладите генерации на заеднчки основи без непотребни поделби.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски