Поставен бекатон на улицата „ЈНА“ во Куманово

Од:

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски денеска изврши увид на завршените градежни активности за уредување на улицата „ЈНА“, лоцирана зад објектот на Архивот на Република Македонија.

Уредувањето на улицата е дел од општинската програма за санација, изградба и одржување на улици во Куманово. Бекатон е поставен на 150 метри од улицата.

– Иако е мал проект, граѓаните добиваат решавање на повеќедецениски проблем. Успеавме со Детален урбанистички план да ја вцртаме оваа улица и кога заврши урбанистичкиот проект имаме услови да направиме премин, успеваме да ги одделиме овие две парцели, да направиме профилација на улицата и да го завршиме првиот дел од проектот, изјави градоначалникот Дамјановски.

Тој објасни дека проблемот со атмосферската вода, која се слева од просторот околу поранешната фабрика „ЧИК“, како проектно решение ќе се заврши до крајот на декември годинава, со што ќе се заврши вториот дел од улицата.

Проектот опфаќа површина од 550 метри квадратни и од средствата на општинскиот буџет одвоени се милион денари.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски