Постапка против еден осомничен за разбојништво во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Осмничениот 23-годишник, заедно со уште три засега непознати лица, извршиле разбојништво врз еден оштетен граѓанин, кој со својот автомобил бил паркиран во близина на бензинска пумпа на улицатa „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје. Тие се доближиле до автомобилот и на возачот му се заканиле со нож, барајќи од него да им ги даде парите кои ги има кај себе. Потоа, под закана, го извлекле од автомобилот и го однеле во напуштен објект во близина. Осомничениот продолжил да му се заканува со ножот, а еден од неговите соучесници го удрил оштетениот со камен во слепоочницата. Од ударот тој изгубил свест. Кога се разбудил бил сам во напуштениот објект и забележал дека му ги нема паричните средства во износ од 1.000 денари кои ги имал кај себе, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, но и да влијае врз оштетениот за промена на неговиот исказ или врз соучесниците по кои се трага, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај