Пособен сообраќаен режим околу стадионот поради натпреварот Шкендија-Милан

Од:

Од МВР информираат дека поради натпреварот помеѓу Шкендија и Милан во рамките на Лига Европа, кој што се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на Телеком арената, се воведува посебен режим на сообраќај за возила и пешаци.

Денеска почнувајќи од 15.00 часот ќе биде ограничено движењето по сообраќајниците кои водат кон фудбалскиот стадион “Телеком Арена“, и тоа: бул.“Илинден“, улиците “Ристо Шишков“, “Аминта Трети“, “Наум Наумовски Борче“, сервисната улица во Градскиот парк околу фудбалскиот стадион, како и улицата “Лазар Личеноски“.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон спортскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за фудбалскиот натпревар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он