После 28 години криење, во Грција е уапсен Aцо Боцевски-„Циганот“ осуден за убиство во Македонија

Од:

Македонскиот државјанин Ацо Боцевски викан „Циганот кој е осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имаше распишана европска потерница, е уапсен во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

60-годишниот државјанин на Македонија, по убиството Сеат Ибраими во центарот на Скопје побегна во странство и живеел во Бугарија и Турција.

Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва беше 37-годишен македонски државјанин.

Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.

За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.

АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари