Посебен сообраќаен режим за 2. август

Од:

Посебен сообраќаен режим најавува Министерството за внатрешни работи по повод утрежното одбележување на националниот празник Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце.

За време на манифестацијата „Илинден 2014“ по повод националниот празник, денека попладне ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај по улиците во Крушево, а утре посебен режим ќе има и кон локалитетот Мечкин Камен.

На територија на СВР Скопје утре времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ од 9:30 до 10:30 часот, а пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на крстосницата на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кеј 13 Ноември“, крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „11 Октомври“, крстосницата на улицата „Васил Главинов“ со „Максим Горки“ и крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“.

На територија на СВР Куманово ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, односно после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до с.Пелинце, каде ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски