Посебен режим на сообраќај во Скопје поради верскиот празник Водици

Од:

Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2018), сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Така, на 19.01.2018 година во периодот од 10,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул.„Кеј 13-ти Ноември“ до бул.„Кочо Рацин“.

Во општина Ѓорче Петров од 10,00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански Одреди“, десно по ул.„Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10,00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Од:

Централното подрачје на Скопје денеска ќе има посебен сообраќаен режим поради програмата „Десет дена крушевска република“.

Затворени за сообраќај од 10:00 до 12:00 часот се улиците „Даме Груев“, „Васил Главинов“, од кај Палома бјанка, до крстосницата со улицата „11 Октомври“.

Исто така затворена ќе биде и улицата „11 Октомври“, кај Собранието на РМ, до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, кај зградата на Црвениот крст, а сообраќајот нема да се одвива и по улицата „Васил Аџиларски“ и тоа од крстосницата со улицата „Кеј 13 Ноември“, кај хотелот Холидеј Ин, до крстосницата со улица „11 Октомври“.

Претседателот на владата, Нкола Груевски по повод 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ, во Жена Парк и на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

Покрај Груевски цвеќе на истите споменици ќе положат и потпретседателката на Собранието, Светлана Јакимовска, заедно со Силвана Бонева, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Гордан Георгиев, пратеник на СДСМ, и Ленче Николовска, независен пратеник.

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски