Посебен сообраќаен режим во Нерези

Од:

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Нерези утре и заутре, во период од 8.30 до 10.30 часот, поради одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер ски куп Скопје“.

Како што соопшти МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на потег од село Долно Нерези – улица „Козле 1“ до паркингот кај манастирот „Св. Пантелејмон“ во продолжение до паркингот на Средно Водно.

– За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„ФИС ролер ски куп Скопје“ го организира Клубот за биатлон и нордиско скијање и скијачки скокови „Мунте“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски