Посебен сообраќаен режим Влада-Соборен храм

Од:

Денес и утре ќе се врши асфалтирање на завршниот слој на коловозот, на булевар „Св. Климент Охридски“ на делница од крстосница со булевар .„Партизански Одреди“ до крстосница со улицата „Ристо Шишков“(„Димитрие Туцовиќ“), односно од Соборен Храм до Влада на РМ.

Активностите на делницата, ќе се изведуваат во фази, а во сабота ќе биде затворена коловозната лента во правец од Соборен Храм кон Влада на РМ, додека во недела ќе биде затворена коловозната лента во обратен правец од Влада на РМ кон Соборен Храм.

Викендов ќе има привремен сообраќаен режим и на улица „Брадфордска“ и булеварот „Теодосиј Гологанов„ (кај Веро) поради изведување градежни работи.

Работите на овој дел од булеварот ќе се изведуваат под сообраќај и ќе се вози согласно поставената сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје, апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената патна сигнализација и кон времено поставениот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан