Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од:

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. “Партизански одреди”, со траса на движење по бул. “Партизански одреди”, кон бул.”Св.Климент Охридски”, десно на бул.”Илинден”, право преку мост “Гоце Делчев” кон Стоковна куќа “Мост”, десно по бул. “Филип 2-ри Македонски” со крајна цел парк “Жена Борец” и бул. “11-ти Октомври” пред Собрание на Република Северна Македонија околу 15 часот.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом