Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Од:

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре со почеток во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев“ кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ во продолжение по ул. „Димитрија Чупувски“ до седиштето на Стопанска комора, десно по бул. „Васил Главинов“ до бул. „Илинден“ пред Влада на РСМ.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он