Портокалова велосипедска парада во општина Аеродром

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и холандската амбасадорка Мариет Шурман денеска заедно со повеќе граѓани учествуваа на портокаловата велосипедска парада низ општината, а потоа го пуштија во употреба реконструираниот полигон за велосипеди во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“.

– Полигонот за велосипеди кој беше вон функција и не се користеше повеќе од 10 години, сметаме дека е многу значаен за децата. На најмладите ќе им помогне да се стекнат со основните знаења и вештини за управување со велосипед, а на поголемите да ја надградат сообраќајната култура, рече Коневски.

portokalov-aerodrom1

Тој додаде дека на новиот полигон ќе се организираат обуки, оценско возење и натпревари во рамки на часовите по техничко образование, а ќе им биде достапен на децата од сите основни училишта, не само од општина Аеродром, туку од сите општини од Скопје.

Холандската амбасадорка Шурман изјави дека целта на портокаловата парада е да се поттикнат граѓаните, особено младите да користат што повеќе велосипеди.

Портокаловата велосипедска парада се одвиваше од општина Аеродром, по патеката за велосипеди на булеварот „Јане Сандански“ се до дворот на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Учесниците на парадата се приклучија во садењето цвеќиња и работилницата за рециклирање стари автомобилски гуми, кои ќе бидат претворени во уникатни саксии за цвеќе со помош на волонтерите од „Ајде Македонија“ и „Пакомак“. За сите учесници „Виталија“ обезбеди дел од своите производи.

portokalov-aerodrom

Учесниците беа облечени во портокалови, а средствата кои се собраа од купените маици ќе бидат донирани како поддршка на Здружението на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби – СОЛЕМ.

Полигонот за велосипеди во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ кој е единствен во Македонија го реконструираа Холандската амбасада, општина Аеродром, ЈП „Улици и патишта“ и фирмата Бојта-ИНГ. Полигонот содржи нови сообраќајни знаци и е разубавен со скулптура на велосипедист направена од жици и растенија што претставува дело на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ и Факултетот за шумарство од Скопје.

Парадата под мотото „Можеш ако сакаш“ што ја организира Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со општина Аеродром е со цел да се промовира и да се поддржи граѓанскиот активизам што претставува и главна причина поради која се реконструираше полигонот во училиштето. Преку овие активности Холандската амбасада, го одбележа портокаловиот месец април, во текот на кој Холандија го прославува својот национален ден. Особено значајно за Холандија е тоа што оваа година на 30-ти април принцот Вилем – Александар ќе го преземе тронот од својата мајка Кралицата Беатрис.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот