Порше Македонија ќе го оспори тендерот за полициски возила

Од:

Учесниците на наддавањето за најевтина понуда за полициски возила најавуваат дека ќе го оспорат тендерот на МВР поради технички проблеми.

Порше Македонија со соопштение тврди дека имала понудено пониска цена од Ка-Диз на денешната аукција за набавка на 150 полициски возила, но поради технички проблеми и бил оневозможен пристап до веб страната на Јавни набавки преку која се вршеше аукцијата.

Компанијата наведува дека во 12,22 часот, осум минути пред да заврши аукцијата, поднела понуда во износ од 209,500,000 денари, што е пониска цена за 250,000 денари од онаа на Ка-Диз, но системот не направил освежување на податоците, за што имале и видео материјал.

„Со оваа постапка нарушено е нашето право до крај да учествуваме на оваа јавна набавка и да поднесеме пониска понуда од веќе објавената“, се вели во соопштението на Порше Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи