Поројните дождови предизвикаа штети во кривопаланечко

Од:

Поројните врнежи од дожд чиј интензитет не се намалува, предизвикаа штети на подрачјето на општините Крива Паланка и Рановце. Водостојот на Крива река и Дурачка река е повеќекратно зголемен и на одделни подрачја има нивно излевање и поплавување на околните површини, а постои опасност и за индивидуалните згради и останатата инфраструктура.

– Крива Река е излеана од мињор коритото, а во централното градско подрачје поплавена е велосипедската патека. Изутрината водостојот беше зголемен за 31 сантиметар, а во моментов иако не се извршени нови мерења, тој е огромен и повеќекратно големен. Излевање на Крива Река има и на повеќе места на подрачјето на општина Ранковце, каде се предизвикуваат штети врз околните ниви, изјави Зоки Павловски, раководител на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка.

Павловски посочува дека поради зголемениот водостој и излевањето на Дурачка Река во опасност е една индивидуална куќа во населбата Маневци.
– Водата е на два до три метри од куќата и од страна на општината ангажирана е машина (скип) и луѓе, кои работат на теренот и се обидуваат со камења и наноси да ја заштитат од поплавување и поткопување, рече Павловски.

Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување на кризи од Крива Паланка постојано се на терен и будно ја следат состојбата и ги утврдуваат критичните точки на кои треба да се интервенира.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар