Пороен дожд, грмежи и силен ветер и денеска и во прзничниот викенд

Од:

Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 километри на час). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h). В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи – најави УХМР.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време