Пораст на пациенти со цревни заболувања во Куманово

Од:

Од средината на јуни до денеска, околу 400 кумановци побарале помош, а дваесетина биле хоспитализирани на инфективното одделение поради цревни заразни заболувања, информираа денеска од кумановската болница.

Лекарите од одделението велат дека најголем број од пациентите кои се обратиле кај нив биле со средно тешка клиничка слика и се жалеле на дехидрираност, повраќање, гадење, дијареа, општа малаксаност. Според лекарите особено внимание треба да се посвети на новороденчињата, малите деца и повозрасните кои потешко реагираат на цревните заболувања. Лекарите апелираат веднаш да се побара помош.

– Секогаш нагласуваме дека најбитно е да се внесува течност, електролити, потоа лесна храна. Пациентите кои доаѓаат со потешка клиничка слика со изразена дехидритација, поголем губиток на течности, висока температура, иразено повраќање и дијареа, ги хоспитализираме и се под наш надзор и терапија. Сакам да напоменам дека и цревните заразни болести си имаат свој тек. Не можеме да очекуваме дека за два три часа пациентот ќе оздрави, можат да се смират и да се намалат тегобите. Многу е битно да се следат упатствата кои ги даваат лекарите, изјави началничката на инфективното одделение, доктор Сунчица Јосифова.

Лекарите препорачуваат хигиено-дитетески режим на почетокот од заболувањето и вооопшто за време на летниот период, обилно миење на овошјето и зеленчукот, правилно складирање на храната. Годинава, велат од инфективното одделение во споредба со претходните години нема зачестени случаи на труење со храна.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување