Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон во Скопје

Од:

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје.

Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав се и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, лордот Кристофер Геијд, поранешен секретар на кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот Парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, генералот Берни Вајт Спанер, поранешен командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на генералниот секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атлантскиот совет на САД.

Според агендата што ја испрати кабинетот на Заев, за попладне е предвидена заедничка прес-конференција, по која ќе се одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев и Ален Ле Роа.

Вечерта, пак, во организација на кабинетот на премиерот, за високата делегација ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде претседателот на Владата Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени