Поранешни вработени во Здружение за возачи Кичево: Таткото на Милошоски да одговара кривично што не избрка на улица и се збогати на наш грб

Од:

Поранешните вработени од Здружението на возачи од Кичево, обвинуваат дека незаконски се избркани од работа пред 11 години, а здружението со политички притисок и уцени го презел таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

За нанесената штета, финансиска злоупотреба на Здружението од Кичево, СЈО отворило посебен предмет, но како што тврдат оштетените, само еднаш биле повикани како сведоци во 2017 година и тука застанал процесот. Со цел, да излезе правдата на виделина, како што изјави Спасе Србиноски еден од оштетените,тие поднеле барање предметот да го превземе обвинителството со кое раководи Вилма Рускоска и да го истражи до крај работењето на ова фирма кога управител бил Милош Милошоски, таткото на пратеникот.

„Поминавме голгота по судови и ниту една постапка не заврши во наша полза, а тоа се должи на политичкото влијание на пратеникот Милошоски како што и слушнавме во една од аудио-снимките дека влијаел на судии, сведоци за да го добие тоа што го сака. Затоа бараме надлежните инститции да го истражат целиот случај до крај за Милош Милошоски кој го презеде Здружението и вмешаноста на неговиот син , политичарот Антонијо. Ние во февруари поднесовме барање до ова обвинителство да ни кажат дали овој предмет е превземен од СЈО и доколку не е, да го обнови и процесуира. Ние стоиме на располагање со цврсти докази против Милош Милошоски , а постојат и други сведоци кои во јавноста ќе ја изнесат вистината на виделина“, изјави оштетениот Србиноски.

Како што објаснуваат поранешните вработени приказната за превеземањето на Здружението започнала во 2010 година, кога Милош Милошоски отворил нова компанија „Бреком“ и станал управител на неа, а на чело на Здужението на возачи бил назначен братот на Антонио, Александар. Таткото и синот според нив, го користеле Здружението за да се збогатат, со земање високи кредити, иако фирмата ја оставиле ликвидна со многу пари на сметка.

„Според законот управител во оваа дејност не може да биде машински бравар како таткото на пратеникот, туку треба да има завршено Правен или Економски факултет. Згора на тоа еден по еден не брка сите од работа. Се обративме до судот во Кичево и Апелација во Гостивар, досудија дека не сме во право. Јасно ни е дека замешал прсти „Моќникот“, како што го нарекуваа во друг предмет на СЈО. Да имаш моќ, да средиш се во своја корист на сметка на човечки животи е безобразлук. За да биде целата приказна поинтересна, братот на Антонијо, станува управител на Здружението на возачи. Иако сите здруженија се побунија тој беше избран на нелигитимен начин на вонредна седница. Во здужението оставивме сметка со половина милион евра, а подоцна Милош зел кредит од 300 илјади евра што е не логично. Прашуваме каде отидоа сите тие пари и дали некој изврши проверка на финансиското работење таму и како Милошоски успеа да уништи се пред себе за да се збогати?“, јавно праша Србиноски.

Оштетените од Здружението на возачи Кичево порачаа дека ќе извршат притисок до надлежните како што велат да се расчисти нивната 11 годишна голгота, да им бидат вратени заостанатите плати, да им биде исплатен стресот и болката што ја преживеле, а оние кои го прекршиле законот да одговараат за нанесената штета.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа