• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Поранешни раководители го оштетиле на ЈПДК „Тополка“ за над три милиони денари

by А1он05/08/2018 - 15:5096
Share0

Кривични пријави се поднесени против поранешниот директот на ЈПКД „Тополка“ – Чашка и поранашен в.д. директор поради злоупотреба на службена положба со што го оштетиле претпријатието за над три милиони денари.

Добивај вести на вибер

Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(45) од с.Чашка, поранешен директор на претпријатието и против Е.К.(30) поранешен в.д директор на ЈПКД „Тополка“ – Чашка поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тие во периодот од деловните 2016 и 2017 година на имотот на ЈПКД „Тополка“ – Чашка нанеле материјална штета во вкупен износ од 3.045.908 денари.

Ѓ.З. во својство на директор во периодот од јануари 2016, заклучно со август 2017 година (кога бил разрешен по сопствено барање, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка) искористувајќи ги и пречекорувајќи ги службената положба и овластување, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп.

Со ваквото свое работење, пријавениот Ѓ.З. ги прекршил одредбите од Законот за јавни набавки и средствата на ЈКПД Тополка – Чашка не ги користел на рационален и ефикасен начин, со што во 2016 година на ЈКПД Тополка – Чашка му било нанесена материјална штета во вкупен износ од 1.731.173 денари, а во 2017 година било нанесена материјална штета во вкупен износ од 1.110.757 денари или вкупно за двете години 2.841.930 денари.

Со тоа пак на Агенцијата за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп, односно на повеќе физички лица ангажирани преку Агенцијата им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 2.841.930.

Второпријавената Е.К. во својство в.д. директор (именувана на 4.08.2017 година, од страна на тогашниот градоначалник на општина Чашка), во периодот од септември 2017, заклучно со ноември 2017 година, на ист начин како и првопријавениот искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување му нанела материјална штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 203.978 денари.

Е.К. спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, без да спроведе постапка за јавна набавка, во текот на 2017 година, склучила договори за отстапување работници за вршење на привремени работи со правното лице Агенција за привремени вработувања РЕАЛНОСТ – 06 Прилеп.

mvr

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен