Поранешни и сегашни судии и адвокати аплираат судиите да работат професионално и според законот

Од:

Сто осумдесет и седум правни експерти, поранешни и сегашни судии, адвокати и правници здружени во „Зелена лупа“ упати отворено писмо до претставниците на основните, апелациските и Врховниот суд апелирајќи да бидат вистински коректив и да работат професионално и согласно законите и Уставот.

Оттаму истакнуваат дека писмото не смее да се сфати како некаков притисок, туку како апел за човештина, правда, професионализам и спротиставување на криминалот. Притоа се оценува дека полека, но сигурно се создава сигурен и некорумпиран терен за законито судско работење, а најголем доказ за тоа, според нив, се неодамнешните осуди на двајца градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е само еден мал чекор, кон трнливиот пат наречен реформи во судскиот систем, на кој што како нaсушна потреба ни укажуваат сите релевантни како домашни, така и странски институции и претставници. Пресудите кои што се изречени, а и кривичните постапки кои што сеуште се во тек, се за кривични дела кои што се директно поврзани со работата на обвинетите во својство на градоначалници, што е запрепастувачки податок и тежината на истите ја прави уште поголема, се наведува во писмото.

Во писмото се посочува дека градоначалник на Кавадарци, Александар Панов, е осуден на два месеци затвор за поткуп при избори и гласање, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на условна казна затвор во траење од три месеци, но и парична казна од 600 евра за несовесно работење во службата, а против градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Костадин Личков во тек е судска постапка бидејќи злоупотребувајќи ја службената положба и овластување извршил избор на лице-партиски кадар за директор на училиште кое не ги исполнувало минимум законските предуслови за директор. Кривична пријава како што посочуваат, е поднесена и против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, а според неофицијални извори се води и истражна постапка против градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

– Ова е само еден дел од криминалите на градоначалниците за кои што по смената на власта, судот ослободувајки се од стегите на корупцијата и контролата, се одважи да изрече осудителни пресуди, во тек се судски и истражни постапки, со надеж дека истите ке бидат спроведени на законит начин, велат од „Зелена лупа“.

Би можело да ве интересира

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители