Поранешен директор на Музеј ќе одговара за злоупотреба

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против И.М.(66) од с.Шлегово, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, поранешен директор на Музеј на град Кратово, на 4.11.2021 сам изготвил договор за дело, склучен меѓу Музеј на град Кратово и М.С. од Кавадарци, потпишувајќи се на договорот во нејзино име, без нејзино знаење, каде што предмет на договорот е фотографирање на спомен обележја во Кратово и кратовско по добиен проект од Министерството за култура.

На овој начин пријавениот се стекнал со имотна корист на штета на Буџетот на Република Македонија за 25.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ