Пораките меѓу Милевски и Јовановски се презентираат во судот: Сашо за еден час ќе излезе од Шутка?

Од:

Комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милевски во „Рекет“ беше презентирана на денешното рочиште. Во една од пораките пишува: „Кај Орце сум“, пишува Милевски на Јовановски, на што Јовановски возвраќа „Па што ако си?“

„Сашо за еден час ќе излезе од Шутка“, пишува Милевски до Јовановски, а тој одговорил „Не“.

Во натамошниот тек на комуникацијата има и статуси од „Фејсбук“, кои Јовановски ги испраќал кај Милевски.

„Да не го мислите Боки 13, чим бара сладолед за доручек ќе го биде“, пишува во статусот кој Бојан Јовановски го испратил како принт-скрин кај Милевски, а објавен од профилот Лошото Хуго на новинарот Саше Димовски.

„Ова е крајот“, пишува Јовановски на Милевски, а тој одговара „Ана е заузета цело време“, а потоа Милевски повторно „Избришано“.

„Зошто ја домкна жена му овој урочениов. Катастрофа“, му пишал Јовановски на Милевски.

Во текот на комуникацијата, Милески и Јованоски си разменувале пораки од часовници, кои пак, Јовановски ги споменува во комуникација со извесен „Петар“ со кого разговарал за нарачка на истите.

На 12.02.2019 Јовановски испратил слика до Милевски од „тиме.мк“, со вест „СЈО ја руши империјата на Камчев“. На 18.02.2019 имало комуникација меѓу Јовановски и Камчев „Утре да пројдеш кога ти одговара да пиеме кафе“, на што добива одговор „Важи“.

На 20 февруари 2019, Јовановски му пишал на Милевски „???, барај ме, хитно“, а добива одговор „Тука сум, да се облечам“.

„Во однос на вештачењето на мојата „ватс ап“ со Зоран Милевски, барам да ми бидат доставени сите комуникации. Овде гледаме сензационалистички пораки, нема ништо суштински во нив. Ние ги немаме доказите со комуникациите со Зоран Милевски“, рече Јовановски на судењето по презентирањето на пораките со осудениот Милески.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов