Пораки меѓу Јанакиески и Милевска, два месеци пред крвавиот четврток: Зборувале за уметници, свирчиња, озвучување

Од:

Пораки разменети меѓу обвинетиот Миле Јанакиевски и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, два месеци пред крвавиот упад во Собранието, денес беа презентирани во судот. Тие меѓусебно зборувале за протестите кои се одвивале во февруари 2017 година и учество на познати уметници на нив. Меѓу пораките има и таква во која Канчевска-Милевска му вели на Јанакиески: „Пред Собрание ќе биде топ“.

Русковска пред судот кажа дека првата порака е од 21 февруари 2017 година, кога Канческа-Милевска го прашува Јанакиески: „Миле, има нешто ново“, при што тој одговара, со: „не“. Со овие пораки, обвинителката Русковска сака да докаже дека Јанакиески е еден од организаторите на протестите кои завршија со крвавите инциденти.

На 27.02.2017 година, Канческа-Милевска му пишува на Јанакиески: „Миле многу слабо озвучување, еден мегафон, ништо не се слуша“.

На први март 2017, односно скоро два месеци пред упадот во Собрание, Канческа-Милевска барала свирчиња и труби од Јанакиески, за како што вели, другарите на син ѝ Јаков.

„Свирчиња ми требаат“ пишува Канческа-Милевска и дополнува со: „и труби“, па во следна порака: „Многу ми требаат“. На ова Јанакиески одговара: „Нели има“, а Канческа-Милевска прашува: „Кај има“, по што добива одговор од Јанакиески: „Кај Нело“. На Канческа-Милевска ова одговара со: На Јаков му требаат за другарите“.

Во комуникацијата меѓу Канческа-Милевска и Јанакиески се зборува и за актери, пејачи и јавни личности, за кои сметаат дека би било добро да се обратат на тогашните протести. Според пораките презентирани од обвинителката Русковска, се зборувало и за Владо Јовановски да се обрати на еден од настаните.

На рочиштето беа презентирани и докази со кои Русковска докажуваше дека Јанакиески и Канческа-Милевска се среќавале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски