Порака до Силвана Бонева: Нели Ви е барем малкуцка срам?

Од:

Виолета Совкаровска, новинар во МТВ, испрати отворена порака до пратеничката Силвана Бонева.

Еве што напиша Совкаровска:

violetaSovkarovskaБонева,

Не ве познавам лично, Ве знам и следам онолку колку што може тоа да го стори просечен граѓанин на РМ преку медиумите.

Иако елементарната пристојност налага да Ви се обратам со “Почитувана госпоѓо Бонева”, не можам да го сторам тоа, оти едноставно срцето не им дозволува на прстиве да го напишат тоа. Затоа што едноставно – не Ве почитувам ниту ронка, особено сега кога сте мета на јавноста заради добиените пари за патни трошоци.

Не навлегувам во законите и правилата и оправдувањата дека и другите добиваат средства за патни трошоци.

Нема да говорам ниту за вкупниот износ, само ке ја споделам горчината што ми останува во уста, кога ке се сетам на десетици мои пријатели, грдо наречени луѓе со инвалидитет и нивните голготи додека ги добијат оние мизерни средства под ставките “туѓа нега” и “додаток за мобилност”- од 4.300 и 7.000 денари. Не ми е срам дека ми засолзуваа очите кога ке прочитав нивни статуси на фејсбук – “има ли денеска пуштено нега?”, и потоа уште десетици одговори дека нема.

Ке говорам за моралната одговорност, Бонева, бидејки колку што паметам едно време бевте претседател на Интерпарламентарната група за поддршка на овие наши сограѓани, па одблизу можевте да се запознаете со сите проблеми што ги тормозат овие луѓе.

Сакам јавно да ми одговорите – нели Ви е барем малкуцка срам?

Ние сите работиме за плата, за пари, со кои што живееме. И тоа е нормално. Ненормално е некој да биде поеднаков од другите – релативно беспомошни.

И уште еден пример – познавам госпоѓа од Кочани. Сега ми е сосетка, оти пред неколку години за да ја задржи работата, мораше да изнајми стан во Скопје, да плака кирија, да се разнебити нејзиното семејство, оти не сме за еден ден. Секој петок со торбите се врака дома во Кочани, секој понеделник ја гледам кога се враќа во Скопје.

И секогаш гордо исправена и насмеана!

Мојата почитувана сосетка – госпоѓа од глава до петици!

Е, има разлика!

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов