Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети Нации“ до улица „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.
Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа, информираат од Град Скопје и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.
Од таму ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.