Поради убиство уапсен синот на ликвидираниот Дилавер Бојку

Од:

Полицијата ги пронајде и уапси Ербен и Бесник Бојку, синови на ликвидираниот Дилавер Бојку. Тие се приведени вчера на патот Струга-Дебар. Ербен Бојку, беше баран со потерници на Основниот суд Струга за отслужување на 21-годишна казна за сторени низа кривични дела меѓу кои и убиство.

Двајцата браќа со себе носеле оружје, поради што е приведен и Бесник Бојку.

– На 19.03.2021 околу 21.45 часот на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година, велат од МВР.

Нивниот татко, познат како макро и бизнисмен Дилавер Бојку – Леку кој е и осуденик, беше убиен пред својата кафеана на плажа во Струга во 2017 година. Тој беше застрелан со куршум во чело. 33-годишниот жител на струшко село е осомничен за убиството.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он