Поради топлотниот бран, десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки

Од:

Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.

– Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.

Од петокот до изутринава до седум часот имале вкупно 152 интервенции.

– Од нив, 52 од прв степен на итност, 80 од втор степен на итност. Само за вчерашниот ден, за 24 часа, бележиме вкупно 77 интервенции, од прв степен на итност 23, а 42 од втор степен на итност, посочува доктор Реџепи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстремниот топлотен бран во Европа однесе 2300 животи

Катерина Ѓуровски

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Катерина Ѓуровски

Пеколот продолжува до среда, температурите потоа ќе паднат за неколку степени

Бремените жени и повозрасните од 60 години да се ослободат од работа поради топлотниот бран

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

Македонија е во пеколен топлотен бран