Поради свлечиште непрооден патот кај Кривопаланечкото село Станци

Од:

Свлечиштето кај селото Станци, Кривопаланечко, е повторно активирано, поради што локалниот пат е целосно непрооден, информира општина Крива Паланка.

Воведена е времена забрана за сообраќај на делот од патот под свлечиштето, а жителите мора да се движат по алтернативниот пат. Локацијата е соодветно обезбедена, поставени се сообраќајни знаци и лента, како и физички пречки пред забранетиот дел за движење од двете страни на патот.

– Ги известуваме жителите на селата Дурачка Река, Станци и Метоф, кои го користат локалниот пат Крива Паланка – село Дурачка Река – село Станци, дека повторно е активирано свлечиштето кај место викано „Видња“ и патот под самото свлечиште во должина од околу 350 метри е целосно непрооден, информира Општината и апелира жителите да не ги оштетуваат ознаките и да не се обидуваат да поминат под свлечиштето, ниту со автомобил, ниту пеш, заради нивна лична безбедност.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози