Поради снегот непрооден патот до кавадаречко Рожден

Од:

Непрооден е патот кон кавадаречкото село Рожден, каде висината на снежната покривка е 30 сантиметри.

Од компанијата „Јами“, која кавадаречката локална самоуправа ја избра за зимско одржување на патиштата во општина Кавадарци, истакнаа дека нивната механизација е на терен.

– Во моментов се работи на чистење на снегот на потегот кон селата Бохула и Бојанчиште и очекуваме до крајот на денот и патот кон Рожден да биде приспособен за движење. На некои места од патот кон Бојанчиште и месноста Михајлово снежната покривка достигнува и до половина метар, посочија од компанијата.

Според нив, се работи за јужен снег кој е потежок и ги прави патиштата полизгави, па затоа е и потешко да се истурка.

Нагласија дека засега нема потреба од интервенција со сол на патиштата, која можеби ќе биде неопходна во вечерните часови кога ќе дојде до подмрзнување на патиштата.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска