Поради разгорување на пожарите, затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово

Од:

Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена за сообраќај e скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, информира АМСМ.

МВР претходно соопшти дека целосно е прекинат и сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци