ОЈО Кавадарци: Поради продажба на алкохол на малолетник, обвинение против едно физичко и правно лице

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци, за сторено кривично дело точење алкохолни пијалоци на дете.

Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, на 28 декември 2019 година околу 16:30 часот на оштетеното дете на возраст од 15 години, продала шест шишиња од по 2 литри вино, едно шише од 1 литар жесток пијалoк – текила и едно шише од 1 литар жесток пијалoк – вотка.

Надлежниот обвинител му предложил на судот обвинетите да ги огласи за виновни и да им изрече кривична санкција како и казна – забрана за вршење дејност.

„Постапката против обвинетите е поведена по допрен глас, откако за стореното кривично дело обвинителството дојде до сознанија, истражувајќи друг кривично-правен настан, во кој купениот алкохол го консумирале повеќе лица на возраст од 15 до 18 години. При што едно од лицата, на возраст од 18 години, во алкохолизирана состојба се самоповреди со нож“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Кавадарци во текот на изминатите неколку месеци, во соработка со ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, спроведуваше едукативни средби со претставници на правни друштва, меѓу нив и на угостителски објекти, кои што продаваат алкохолни пијалоци.

При средбите јавен обвинител ги истакна негативностите од продавање алкохол на деца и одредбите од Кривичниот законик каде истото е предвидено како кривично дело, за што беа најавени зачестени контроли од надлежните институции.

Во Основното јавно обвинителство Кавадарци во моментов се постапува по повеќе предмети за лица кои не ја почитувале законската забрана за точење алкохол на деца.​

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор