Поради приватни проблеми и состаноци на отсутни членови на Совет на јавни обвинители, Русковска неделава нема да добие нови обвинители

Од:

Немаше кворум за да се изберат пет јавни обвинители за гонење организиран криминал со Вилма Русковска. Антонио Јолевски и телефонски ги бараше членовите на Советот на јавни обвинители за да дојдат на седницата, за која знаеле од претходно. Но тие, имале други обврски. Јолевски и членовите закажаа и нова седница за идната недела.

“Обвинителот бил зафатен и затоа немало да дојде, потпишувал формален документ во Влада, па на состанок е. Љупчо Ивановски не крева телефон иако му ѕвонев 2-3 пати, има приватни проблеми и сабајле излезе од тука. Иџет Мемети на состанок е, не може да дојде. Сега немаме кворум“, кажа Јолевски по половина час од почетокот на седницата додавајќи дека сите отсутни знаеле за терминот.

Кога го закажа новиот термин, Јолевски рече: “Тогаш нема да може да каже на состанок сум. Ќе си дoјдат”.

Од февруари, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција има само пет обвинители. На некои од судењата, одат и по двајца обвинители со оглед дека дел од тие кои застапуваат обвиненија пред суд, немаат овластување. Огласот за пополнување на празните места во Обвинителството заврши на 1-ви декември. По четири месеци, нема избрано нови.

Најголем дел од новинарите за време на заседавањето на седницата, стоеја во ходникот од каде слушаа што се зборува на седницата. Јолевски не дозволи да седат внатре со објаснување дека нема доволно простор за дистанца, а така се загрозува здравјето на членовите на Советот на јавни обвинители.

На барањето да се дозволи пренос во живо за изборот на новите обвинители, членовите на Советот исто така го одбија. Нема образложение зошто, особено ако се има предвид дека минатиот избор, кога исто така се бираа обвинители за ова Обвинителство, ова беше дозволено и јавноста во живо можеме да види кој член за кој кандидат гласал да биде избран или се противел.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител

Барањето за мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот, има 15 дена да го разгледа