Поради „понижувачки однос во кумановскиот затвор“, одбраната на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, бара да биде пренесен во затворот во Идризово

Од:

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на денешното рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки, нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.

Нејзиното барање беше и во насока на тоа што судницата во која се одвива процесот се наоѓа во близина на затворот, како и поради неговата здравствена состојба и потребата од лекарска интервенција.

Претходно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Шефкет Хазари од Министерството за економија, на почетокот од денешното судење побара да се преиспита обвинението за да се види кој бил директно инволвиран, а кој не, и да се направи издвојување на постапките. Воедно, побара да се одложи денешното рочиште.

Судот го одби ова барање со образложение дека не може да му наложи на ЈО како да постапува.

– Јавното обвинителство е самостоен орган и судот не може да му наложи како ќе постапува и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК, а особено што судот секогаш мора да постапува само по поднесеното обвинение не мешајќи се во работата на ЈО, како и од причини што нема увид во другото обвинение и во овој момент и да го има, не може да врши споредба – рече судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Според Шилегов, обвинението против дел од обвинетите, вклучително и Шефкет Хазари, е правно неодржливо бидејќи тие немале законска надлежност за инспекциски надзор нагласувајќи дека „правдата не смее да се гради врз неправда“.

Судењето продолжи со сведочење на Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК. По нејзиното сведочење, предвидено е да се сослушаат уште четворица други сведоци.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Судењето ќе го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одложено утрешното рочиште за „Пулс“, обвинетиот сопственик на објектот е во болница

Катерина Ѓуровски

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“