Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Стража-Кичево е намалена до 30 метри, Крушево до 50 метри и Гостивар-Кичево до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.