Поради магла намалена видливоста на патиштата кај Дебар

Од:

Поради магла видливоста на патиштата кај Дебар е намалена до 50 метри.  Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, информира во утринскиот извештај  диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози