Поради лизгав пат на делницата Велес-Штип се превртело возило, повредени сопружници

Од:

Поради лизгав коловоз и мраз попладнево се случи сообраќајна несреќа на делницата Велес-Штип, над месноста викана Ѓубриште во која се превртело возило со сопружници од велешкото село Бузалково.

Од Итна Помош информираат дека и мажот и жената се здобиле со повреди на главата, а мажот и со повреди на рамото и дланката и по укажаната прва медицинска помош со возило на Итна помош биле пренесени во Хирушките амбуланти на велешката Општа Болница.

-Во 15 и 30 минути на одделот за хирургија при ЈЗУ Оопшта болница – Велес од страна на Итна медицинска помош биле донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди, информира д-р Елеонора Јованова портпаролка на велешката болница.

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип

А1он

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

29-годишен Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

Орце Костов

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он