Поради кастрење на гранки во Центар, утре бесплатен паркинг во катната гаража кај „Беко“

Од:

Утре екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Градски паркинг“ ќе спроведат акција за кастрење гранки на отворени паркинзи на повеќе локации во Центар.

Оваа акција на кастрење гранки ќе се спроведе на следниве паркинзи:

– паркинг А5 (ул. Орце Николов бр. 20, 29 и ББ, ул. Скопска бр. 9)

– паркинг А6 (ул. Максим Горки бр. 1, 3, 3а, 5, 7, 8а, 9, 10, 11, 14, 16, 16а, 17, 18, 19, 20 и 21, ул. 8 Ударна бригада бр. 2, 20, 20а, 20б, 24 и 31а, ул. Васил Главинов бр. 7а и 7б, ул. Скопска бр.9, 9а, 15 влез 1 и 2, ул. Лермонтова бр.3 и ул. Никола Вапцаров бр.2, 8 и18)

– паркинг А1 (бул. ВМРО бр.1 влез, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и бр.3)

– паркинг А3 (ул. Даме Груев бр.7 блок 4 со влезови од 2 до 9, и ул. Вељко Влахович бр.21 и 23)

Поради организирање на акцијата горенаведените паркинзи ќе бидат затворени, а станарите и правни субјекти коишто се паркираат на овие паркинзи можат да се паркираат на Катна гаража кај „Беко“ во текот на денот.

Акцијата се спроведува заради овозможување поголема видливост на возачите, ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, за што ќе бидете навремено информирани, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски