Поради итен дефект, утре делови од Скопје ќе се без вода

Од:

Поради итен водоводен дефект на водоводна линија на булевар „Александар Македонски“, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, попладнево информираат дека утре ќе се врши технички зафат, па делови од скопската територија ќе останат без вода за пиење.

– Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места: булевар „Александар Македоски“, дел од улицата „808“, дел од булеварот „Киро Глигоров“, населбата Автокоманда ќе биде со намален притисок во ниска зона, Триангла со намален притисок, населбата Хиподром со намален притисок, улицата „Перо Наков“ кај Кванташки со намален притисок. Со прекин на водоснабдување и населбата Методија Андонов Ченто, улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“ и село Сингелиќ, појаснуваат од претпријатието.

Би можело да ве интересира

„Водовод и канализација“: Имаше варијација во водоснабдувањето поради прекини на струјата кај бунарите во Лепенец

Горан Наумовски

Пукна водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје беше без вода или со намален притисок

Горан Наумовски

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

Скопски „Водовод“: Дефектот на водоводната инсталација во Козле не е во наша надлежност

Горан Наумовски

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Инспектор од МВР со див приклучок за вода ја нападна советничката Витина