Поради чистење затворен градскиот базен во Куманово

Од:

Затворениот градски базен нема да работи една недела, почнувајќи од утре се до наредната недела поради тековно сервисно оддржување, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово кое стопанисува со базенот.

Следните седум дена, информираше директорот на претпријатието Сашо Петрушевски, ќе се врши комплетно чистење на базенот.

– Станува збор за редовно сервисно одржување кое по правилата за одржување се прави двапати годишно, а веќе поминаа шест месеци од почетокот на функционирањето. Наредните денови ќе се чисти хемиски и бактериолошки базенот, за да се заштити и со промена на водата да се врати во функција, изјави Петрушевски.

Како што најави во наредните денови во соработка со изведувачите, и подизведувачите ќе се извршат и одредени ситни промени што се значајни за тековно работење на базенот.

– Ги информираме граѓаните и пливачките клубови дека од од 1 до 8 февруари, односно од среда до следната среда нема да работи затворениот базен, додаде Петрушевски.

Тој информираше дека за пливањето постои голем интерес кај граѓаните на Куманово и дека во овој период формирани се три пливачки клубови, а надлежните најавуваат дека има и иницијатива за формирање на ватерполо клуб.

– Има најава од ватерполо Федерацијата на Македонија дека ќе биде формиран и ватерполо клуб, што беше и интерес на младите од Куманово. Со отворање на базенот сите овие предуслови ќе се исполнат, нагласи Петрушевски.

Сепак, додаде, дека приоритет и примарна дејност на базенот е правилниот психофизички развој на младите луѓе, односно на учениците од основни и средни училишта кои во одредени термини го користат базенот и со надзор на професорте по физичко образование се реализира наставата.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он