Поради болки Марко се откажа од намерата да го преплива целото Охридско Езеро

Од:

Малиот Марко Пејчиновски не успеа во обидот да исплива 64 километри. По 4 часа и 49 минути и минати 11 километри тој поради болки во ногата беше принуден да се откаже од намерата да го преплива целото Охридско Езеро.

Но, независно откажувањето, самата негова намера да плива за подигнување на јавната свест и поголема грижа за лицата со ретки болести е демонстрација на решителност и борбеност како карактеристики за големи луѓе каков што е малиот Марко.

Минатата година Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да направи таков подвиг. Неговиот подвиг е дотолку поголем што Марко има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро